Челзи дефинитивно е победник во овој рок, што и да се случи, но Барселона изгледа е спремна да биде активна во последниот ден од преодниот рок.
Веќе беше објавено дека Барселона ќе се обиде да го доведе Амрабат на позајмица до крајот на денот (тука), но тоа не е единствениот фудбалер кој управата на Каталонците ќе се обиде да го доведе.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Барса сака да доведе уште десен бек и напаѓач. Во игра а овиее позиции се Бенџамин Павар од Баерн Минхен и Јулијан Араухо од ЛА Галакси.
Барселона има проблеми со регистрација на играчи, но веќе е испланирано како би пристигнале дел од фудбалерите. За Амрабат сигурно опција е само позајмица со право на откуп, додека бекот на Ла Галакси прво би потпишал за Барселона Б откаде што би се прекомандувал во првиот тим.
Останува да видиме што ќе се случува до крајот на денот, но треба да се потсети дека Барселона знае да биде активна во последнито ден и минатиот 31. јануари во последниот ден ги доведе Обамејанг и Траоре.