Дома Трансфер зона Не губат време: ПСЖ со официјална понуда за Донарума

Не губат време: ПСЖ со официјална понуда за Донарума

Иднината на Џанлуиџи Донарума е неизвесна во Милан, па младиот голман би можел да ја промени средината уште во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После новонастанатата ситуација и фановите на Милан му свртеа грб на 18-годишниот голман и немаат ништо против тој да биде продаден.

Италијанските медиуми пренесуваат дека фаворит за неговиот потпис е богатиот Пари Сент Жермен кој веќе има договор со неговиот агент Мино Раиола.

Наводно „светците“ наредните денови ќе испратат официјална понуда до Милан и покрај одредена сума на пари ќе го понудат и нивниот голман Кевин Трап.

Германскиот голман оваа сезона има само 2 настапи и сака да ја промени средината, а ПСЖ има намера да го искористи за да дојде до Донарума.

Од таборот на Милан изјави дека немаат намера да го продадат Џиџо во зимскиот преоден рок, па останува да видиме како ќе реагираат на ваквата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…