Дома Фудбал Нејмар ја доби казната за инцидентот со Џало 🎥

Нејмар ја доби казната за инцидентот со Џало 🎥

Пред неколку дена Нејмар направи скандал во натпреварот против Лил.

ПСЖ беше поразен со 1:0, а во самиот финиш Нејмар доби црвен картон откако влезе во расправија со Џало на теренот. Судијата на двајцата им покажа црвени картони, но двајцата продолжија да се расправаат и на патот кон соблекувалната.

Нејмар го навредуваше фудбалерот на Лил кој не му остана должен, а се ескалираше кога Бразилецот тргна физички да пресметува со Џало во тунелот.

За среќа членовите на двата клуба спречија поголем инцидент. Француската Лига 1 сега потврди дека двајцата се суспендирани со по три натпревари во француското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…