Дома Фудбал Нејмар се уште не постигнал гол, а сега направил скандал во соблекувалната на Ал Хилал

Нејмар се уште не постигнал гол, а сега направил скандал во соблекувалната на Ал Хилал

Бразилецот Нејмар по три одиграни натпревари во Саудиска Арабија се уште чека на првиот гол, но во меѓувреме веќе влегол во конфликт со тренерот Хорхе Хесус, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Според информациите до конфликтот помеѓу Нејмар и Хесус дошло по натпреварот во Азиската Лига на шампиони каде што Нејмар доби жолт картон поради неспортско однесување.

Нејмар поради тоа бил критикуван од Хесус и тоа воопшто не му се допаднало. Наводно конфликтот бил толку голем што можело да дојде и до физичка пресметка.

Се шпекулира и дека Бразилецот се обратил до раководството на Ал Хилал барајќи Хесус да добие отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…