Дома Фудбал Останато Нејмар се забавува до утринските часови, но Емери тоа го одобрува!

Нејмар се забавува до утринските часови, но Емери тоа го одобрува!

neymar

Бразилецот Нејмар изминатото лето премина од Барселона во редовите на ПСЖ и со тоа стана најскапиот фудбалер на сите времиња.

ПСЖ за неговите услуги на Барселона и плати 222 милиони евра, а статусот најскап фудбалер на Бразилецот му отвори нови апетити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познато е дека Нејмар сака да се забавува. Во текот на летото често ги дочекуваше утрата во дискотеките ширум светот, а така продолжи и по доаѓањето во Париз.

Во текот на викендот Нејмар се забавуваше до утринските часови, но за тоа има дозвола и од тренерот Унаи Емери.

„Млад е, но и одговорен. Надвор од теренот сака да го поминува времето со пријателите. Сосема го разбирам и тоа е нормално. Знае дека мора да се одмара во недела, тоа го правеше во текот на викендот и се чустсвува сосема добро“, изјави Емери.

Нејмар до овој момент во француското првенство на 13 одиграни натпревари постигна 11 погодоци и запиша девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…