Дома Фудбал Лига на шампиони Нејмар после Наполи: Револтиран сум, судијата не покажа почит

Нејмар после Наполи: Револтиран сум, судијата не покажа почит

neymar

Најскапиот фудбалер во светот во вчерашниот натпревар неколку пати ја изгуби контролата, изреволтиран од судењето на Холанѓанецот, Бјорн Кјупрс.

Ситуацијата кулминираше во 91-та минута кога заработи и јавна опомена, а не се смири ни после натпреварот во кој ПСЖ одигра 1:1 против Наполи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тешко ми е сега нешто да кажам, но мислам дека резултатот не е добар. Дојдовме да победиме, никогаш не мислиме на нерешено. Не сум задоволен, си одам дома фрустриран. Ја сакавме победата, но се уште ништо не е готово, се уште има да се игра“, изјави Нејмар кој потоа зборуваше за главниот арбитар на натпреварот.

„Не ме интересира што судиите можат да грешат. Начинот на кој судијата ги третираше играчите покажуваше недостаток на почит. Затоа ја изгубив контролата и му кажав некои зборови. Тој мора да ги почитува играчите. Го осудвам поради начинот на кој се однесуваше кон играчите. Се надевам дека оние кои се одговорни ќе превземат нешто“, заврши Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Скандал во Црна Гора: Голман нокаутираше соиграч! 🎥

Натпреварот помеѓу Будуќност и Сутјетска кој се одигра во Подгорица и заврши нерешено беше…