Дома Топ вести НЕЈМАР ОД 500 МИЛИОНИ: Два клуба се спремни да ја платат таа сума!

НЕЈМАР ОД 500 МИЛИОНИ: Два клуба се спремни да ја платат таа сума!

Француските медиуми пренесуваат дека два клуба се спремни да платат неверојатна сума за Нејмар, фудбалерот кој ова лето стана најскап во историјата и за 222 милиони евра се пресели во ПСЖ.

„Le 10 sports“ спорт пренесува дека следното лето Нејмар повторно може да го собори рекордот на трансфер пазарот и да биде платен 500 милиони евра, што со оглед на сумите кои се трошат не е многу неверојатно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилецот не е задоволен во ПСЖ, постојат услови според кои тој би можел да го напушти клубот, а веќе е познато дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за неговиот потпис.

Споменатиот медиум тврди дека покрај Реал Мадрид постои уште еден клуб кој е спремен да плати половина милијарда евра за Бразилецот, а тоа е Манчестер Јунајтед.

Од друга страна „Марка“ денес пренесе дека Нејмар ќе биде главна трансфер цел на Реал Мадрид следното лето и дека „кралевите“ се спремни да понудат 400 милиони евра.

Иако овие суми навистина изгледаат вртоглавно, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтес се свесни дека со евентуалното доаѓање на Нејмар ќе направат маркетиншки „бум“ и дека повеќекратно ќе се зголеми вредноста на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус ќе мора да бира – Алегри или Киеза!

Фудбалерот на Јувентус Федерико Киеза во последниот период се поврзува со заминување од То…