Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар не можеше да му помогне на Пари Сент Жермен во осминафиналниот дуел од Лигата на шампиони против Манчестер Јунајтед.
Меѓутоа, „светците“ покажаа дека не зависат од индивидуалци и остварија висока победа на „Олд Трафорд“ од 2:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нејмар во моментов е повреден и не се знае точно кога ќе се врати на терените, но верува дека ПСЖ може оваа сезона да ја освои Лигата на шампиони.
„ПСЖ ќе ја освои Лигата на шампиони. Не сум само јас ПСЖ, овој тим има неверојатни играчи и голем тренер. Немам сомнеж дека со помош на нашите навивачи оваа сезона ќе бидеме шампиони“, истакна Бразилецот.
„Моето лечење само што започна. Му благодарам на Бог што имам големи професионалци околу себе и поддршката на ПСЖ. Тешко е да се биде надвор од фудбалот и тренинзите. Минатата година имав слична повреда и знам колку е лошо, но тоа искуство само ме направи посилен“, заклучи Нејмар.