Дома Топ вести Нејмар не заиграл за Реал поради куќа од 60.000 долари!

Нејмар не заиграл за Реал поради куќа од 60.000 долари!

Во денешниот фудбал често пати можеме да прочитаме приказни за можните поинакви кариера на фудбалерите кои прераснале во светски ѕвезди.

Сега една таква приказна се појави за Нејмар. Имено, Нејмар на 13-годишна возраст можел да остане во Реал Мадрид каде што бил на проба. Ваквата информација ја потврди, Рамон Мартинез кој во тој период ја извршувал функцијата спортски директор во Мадрид.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Нејмар на 13 години беше дел од нашиот клуб. Помина десетина дена во нашиот тренинг центар, беше феноменален. Секако, веднаш се обидовме да го убедиме да остане, постигнавме договор со неговиот татко кој одлучуваше. Но, имаше и еден проблем. Бабата и дедото на Нејмар требаше да останат во Бразил и тие побараа за нив куќа која Реал Мадрид ќе го чинеше 60.000 долари, клубот не се согласи и затоа се врати во Бразил“, раскажа Мартинез.

За Сантос Нејмар настапуваше од 2009 до 2013 година, а потоа направи трансфер во Барселона каде што го носеше дресот до 2017 за тогаш, за се уште рекордни 222 милиони евра премине во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го праќа Гулер на часови кај Чаби Алонсо

Реал Мадрид е спремен да го пушти Арда Гулер на позајмица во зимскиот преоден рок. Неколку…