Дома Фудбал Останато Нејмар: Меси е мојот идол, Роналдо е чудовиште

Нејмар: Меси е мојот идол, Роналдо е чудовиште

Бразилецот има многу почит за своите двајца колеги.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нејмар е една од најголемите ѕвезди во денешниот фудбал.

Многумина сметаа дека токму Бразилецот може да го наследи тронот од неприкосновениот тандем Меси-Роналдо кога во прашање се индивидуалните награди, но сега тоа не е случај.

Изгледа дека Килијан Мбапе со само 19 години опасно му се заканува.

Нејмар сега зборуваше за Меси и Роналдо, а откри дека Аргентинецот е неговиот идол.

„Меси е мојот идол, тој е еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Секој ден учев од него, без разлика дали на тренинзите или натпреварите, доволно беше само да го гледам. Тоа ме правеше посилен“, изјави Нејмар.

Потоа покажа и почит кон Роналдо.

„Роналдо е „чудовиште“, да се соочиш со него секогаш е задоволство и привилегија“, порача Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …