Шпанските медиуми вчера објавија дека Роналд Куман преку телефонски разговор му соопштил на Луис Суарез дека нема да смета на него во новата сезона.
Уругваецот заедно со Меси долго време беше еден од најважните играчи и веќе шест сезони е дел од Барселона, сега изгледа дојде времето за разделба. Суарез има договор на уште една година, но како што стојат работите ќе дојде до раскинување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Многу клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, а последните информации говорат дека најсериозен интерес покажува Пари Сент Жермен.
Француските медиуми пишуваат дека Леонардо сака да направи атомско трио, Нејмар-Суарез-Мбапе и нема проблем да ги задоволи финансиските барања на Уругваецот.