Дома Топ вести Нејмар има услов: Ја сака ѕвездата на Реал за да остане во ПСЖ

Нејмар има услов: Ја сака ѕвездата на Реал за да остане во ПСЖ

Раководството на ПСЖ му порача на Нејмар да не помислува на трансфер во Реал Мадрид и дека по никоја цена нема да биде продаден во летниот преоден рок.

Веќе подолго време се шпекуира дека Нејмар не е среќен во Париз и дека Реал Мадрид е спремен да го сруши светскиот рекорд за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последните информации говорат дека Нејмар се помирил со фактот дека ќе остане на „Паркот на принцовите“, но има свои услови до раководството.

Имено, Бразилецот не е задоволен од играчкиот кадар и од клубот бара да го доведе неговиот сонародник Каземиро од Реал Мадрид.

ПСЖ на таа позиција е „многу тенок“. Тиаго Мота е на залес на кариерата, а Ло Челсо едноставно не е „тој калибар“ и беше најслаба карика на мечот против Реал Мадрид.

Нејмар го сака својот сонарник по секоја цена, но прашање е дали Реал ќе се согласи да го пушти Каземиро, со оглед на фактот дека Бразилецот е еден од најважните играчи во „кралскиот“ тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…