ПСЖ вчера беше изненаден од Манчестер Јунајтед и испушти предност од 0:2 во првиот натпревар.
„Светците“ во реваншот од осминафиналето доживеаа пораз на „Паркот на принцовите“ од Манчестер Јунајтед со 1:3 и така „црвените ѓаволи“ обезбедија место во четвртфиналето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Моментот одлука на оваа средба се случи во четвртата минута од судиското продолжение. Словенскиот судија Дамир Скомина покажа на белата точка откако дефанзивецот на ПСЖ, Преснел Кимпембе играше со рака во шеснаесетникот.
Овој детал прилично го налути Нејмар кој не играше поради повреда. Бразилецот имаше што да им каже на судиите.
„Ова е срамно. Поставуваат четворица кои не се разбираат во фудбал и кои гледаат се на снимки. Невозможно! Како човек може да ги постави рацете ако е свртен со грб? Еб*те се!“, напиша Нејмар.
Според овие зборови на Бразилецот може да заклучиме дека Нејмар, смета дека не требало да биде пенал поради тоа што Кимпембе немал намера и случајно играл со рака во казнетиот простор.
Колку Нејмар беше шокиран и изненаден од она што вчера се случуваше на „Паркот на Принцовите“ покажува неговата реакција откако Маркус Рашфорд го постигна изедначувачкиот гол. ПСЖ во продолжение после пеналот имаше уште неколку минути во кои напаѓаше, но сепак не успеаа да го загрозат голот на Давид Де Геа.
Neymar was rattled ??? pic.twitter.com/bY56PD03F3
— yea aite (@ChuckWest) March 6, 2019