ПСЖ претрпе пораз на гостувањето против Борусија Дортмунд во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Борусија го победи ПСЖ со 2:1. Еден од играчите кои доби критики од француските медиуми после натпреварот е Нејмар. Бразилецот иако постигна гол сепак, се вклопи во послабата игра на својот тим.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После натпреварот Нејмар за својот лош настап го обвини лекарскиот тим на ПСЖ затоа што не му дозволиле да игра на претходните натпревари.
„Кога нема да играш на четири натпревари во низа е навистина тешко. Јас не избрав да не играм, тоа беше одлука на клубот. Докторите во клубот го бараа тоа одмене. Многу разговаравме, мене не ми се допадна затоа што се чувствував добро и сметав дека можам да играм“, изјави Нејмар после поразот.