Дома Топ вести Бартомеу му одговори на Нејмар: Тој за Барселона е минато!

Бартомеу му одговори на Нејмар: Тој за Барселона е минато!

Проблемите на релација, Нејмар-Барса, изгледа дека сеуште не се решени…

Нејмар вчера одигра одличен натпревар во француското првенство против Тулуз, но после натпреварот, Бразилецот не зборуваше за натпреварот туку за управата на неговиот поранешен клуб, Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Навистина сум разочаран, начинот на кои се однесуваат само покажува какви луѓе се. Јас бев четири години дел од клубот и со соиграчите навистина немав никаков проблем, но во управата на Барселона има премногу луѓе кои едноставно не заслужуваат да бидат на тоа место каде што се“, изјави Нејмар.

Каталонскиот гигант не губеше време и веднаш даде одговор.

„Нејмар некогаш играл тука, но сега е веќе историја. Не треба вината да ја префрла на некој друг, тој сам ја донесе одлуката, ние направивме се што можевме за тој да остане. Сепак, ја почитуваме неговата одлука, тоа е негова работа, но не сакаме нас да не вовлекува во расправии. Тој за Барселона е минато“, одговори Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…