Дирк Новицки според многумина е најдобриот европски кошаркар на сите времиња, а изминатата вечер повторно го запиша своето име во историјата.
На популарниот „Диркенштајн“ му недостасуваа седум минути за да влезе во друштво на Карим Абдул Џабара, Карл Мелони, Кевин Гарнет, Џејсон Кид и Елвин Хејс, кошаркари кои имаат над 50.000 минути на паркетот во НБА.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендарниот Германец ја игра својата 20 сезона во НБА лигата ,а претходно стана само шестиот играч со најмалку 30.000 поени на своето конто.
Исто така Дирк е единствениот кошаркар од Европа кој може да се пофали дека бил МВП во најсилната лига во светот, сопственик е скоро на сите рекорди во Маверкис, а воедно е и еден од 11 играчи кои се прогласени за МВП во регуларниот дел и во големото финале.
„Имав среќа да немам проблеми со повредите во поголемиот дел од својата кариера. Кога ќе погледнам што се им случува на многу кошаркари можам да кажам дека имав среќа“, изјави Новицки после големото достигнување.
50K mins played though @swish41?!?!? Sheesh bro that’s insane. Congrats man! That’s what you call punching in your clock daily!
— LeBron James (@KingJames) February 6, 2018