Дома Останати Кошарка НБА Нетси ги изненадија Лејкерси, Дончиќ не можеше сам во дербито на Тексас (ВИДЕО)

Нетси ги изненадија Лејкерси, Дончиќ не можеше сам во дербито на Тексас (ВИДЕО)

Девет натпревари беа одиграни изминатата ноќ во НБА лигата, а најголемото изненадување го направија Бруклин Нетс кој на гости во Стејплс Центарот ги совлада Лејкерси.

Спејсер Динвиди погоди за предност на Нетси од 101:104 на 28 секунди до крајот, Лејкерси го имаа последниот напад, Ентони Дејвис промаши тројка. Динвиди мечот на крај го заврши со 23 поени, додека на Лејкерси не им помогна ниту Леброн кој имаше учинок од 29 поени, 12 скокови и 9 асистенции. Дејвис натпреварот го заврши со 26 поени и 8 скокови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар, но Далас во дербито на Тексас изгуби од Сан Антонио со резултат 119:109. Иако Мавси имаа предност во текот на три четвртини Спарси во последната го свртија натпреварот во своја корист и победија.

Дончиќ натпреварот го заврши со 38 поени, 8 асистенции и 7 скокови, додека кај победничкиот тим Лемаркус Олдриџ средбата ја заврши со 24 поени.

НБА резултати:

Индијана – Бостон 111:114

Вашингтон – Њујор 122:115

Чикаго – Кливленд 108:103

Хјустон – Минесота 117:111

Мемфис – Орландо 115:120

Сан Антонио – Далас 119:109

Портланд – Далас 119:109

Голден Стејт – ЛА Клиперси 107:131

Лејкерси – Бруклин 102:104

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…