Дома Македонски спорт Нестор рамо до рамо со Амаури, Миколи, Џилардињо…Доби место меѓу легендите на Палермо!

Нестор рамо до рамо со Амаури, Миколи, Џилардињо…Доби место меѓу легендите на Палермо!

Илија Несторовски заедно со Александар Трајковски оставија длабока трага во дресот на Палермо, посебно Несторовски кој беше и капите на клубот од Сицилија.

Малку веруваа во него кога дојде. На прво место навивачите. Многумина од нив после трансфер пазарот на кој после заминувањето на Васкез и Џилардино, дојде само Македонецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Несторовски во првите четири натпревари не постигна гол, а деби голот дојде против Кротоне, за потоа да следува и голот против Аталанта во Бергамо…Така се започна за денес да добие место меѓу најголемите имиња кои го носеле дресот на клубот од Сицилија.

Знаеше да ја преземе одговорноста во тешките моменти и да ги доведе колегите до ентузијазам кој речиси да не постоеше. Испаѓањето во втора лига го сфати како предизвик, токму затоа ја доби и капитенската лента.

„Сакам да му помогнам на овој клуб бидејќи ми даде можност да заиграм во Серија А. Чувствувам дека му должам да го вратам онаму каде што заслужува“, изјави тогаш Нестор.

На листата се уште имиња како Дибала, Миколи, Иличиќ, Амаури, Гросо, Лука Тони, Џилардињо…Дефинитивно не е мала работа да си меѓу вакви имиња на италијанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …