Македонските репрезентивци пред собирот за натпреварот против Ерменија во Лигата на Нации имаа одличен викенд.
Македонија на 5-ти септември го игра првиот натпревар од Лигата на Нации и селекторот Игор Ангеловски може да го радува настапот на македонските репрезентативци викендот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За викендот голови постигнуваа дури петмина репрезентативци.
Илија Несторовски во саботата постигна гол за Удинезе во пријателскиот натпревар против Виченца.
Истиот ден нешто подоцна Александар Трајковски постигна одличен гол за Мајорка во средбата против Тенерифе.
Голгетерската добра форма за Македонците продолжи и вчера во неделата. Иван Тричковски и Стефан Спировски за АЕК Ларнака погодуваа во дуелот против Апоел.
Гол постигна и Арјан Адеми за Динамо Загреб против Осијек.
Навистина може да радува ваквата форма на репрезентативците и се надеваме дека формата ќе ја пренесат и во репрезентативниот дрес.