Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ќе мора да паузира неколку месеци, што ќе биде големо разочарување за напаѓачот бидејќи ќе го пропушти Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој заработи повреда на вкрстените лигаменти и ќе мора да биде опериран, па дефинитивно ќе остане без сонот да заигра на Европското првенство ова лето.
Целата фудбалска репрезентација му испрати пораки со поддршка на голгетерот, а сега се огласи и самиот Несторовски.
„Жал ми е, но подготвен сум да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам сè од себе и ќе го победам овој предизвик, да се вратам посилен од порано. Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен“, напиша Несторовски на социјалните мрежи.