Дома Фудбал Италија Несторовски: Целта ми е двоцифрен број голови оваа сезона

Несторовски: Целта ми е двоцифрен број голови оваа сезона

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за својата кариера.

Несторовски ова лето од Палермо се пресели во Удинезе, а викендов го постигна првиот гол во Серија А за новиот тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мојата цел и за оваа сезона останува да постигнам 10 голови, би било сон. Во Хрватска, поточно Интер Запрешиќ бев најдобар стрелец три години по ред пред да се преселам во Наполи. Пет сезони во низа имав „двоцифрен“ учинок, сега кога играм повеќе, сакам да го повторам истото. Се борам секојдневно во Удинезе да се изборам за место во стартниот состав, иако знам дека не е лесно. Немам идол, туку самиот себе сум си идол“, истакна Несторовски.

Несторовски во интервјуто го коментираше и неговиот соиграч од репрезентацијата, Елиф Елмас кој ова лето пристигна во Серија А.

„Елмас е многу силен. Има голем карактер и веќе три години е во националната селекција. Можам да кажам дека посакува за три години да ја освои „Златната топка“. Што се однесува до нашите шанси во плеј-офот за пласман на ЕП, ќе се обидеме да победиме на секој натпревар, имаме добар тим“, изјави македонскиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…