Репрезентацијата на Македонија денес доби тежок ждреб во баражот за Мундијалот во Катар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во полуфиналето ќе се сретнеме со Италија, додека со евентуален пласман во финалето ќе гостуваме на Италија или Турција. Коментар и свое мислење за ждребот за нашиот сајт даде напаѓачот Илија Несторовски.
Несторовски подолго време не е со репрезентацијата, од повредата пред Европското првенство. Сега Нестор се врати на теренот и на тренинзите во Удинезе. Долго време Несторовски игра во Италија и сигурно дека ги познава квалитетите на оваа репрезентација.
„Тежок пат за пласман на Светското првенство затоа што ќе играме против европскиот шампион, а потоа и против Португалија, но нема предавање предвреме во фудбалот се е возможно. Против Италија одигравме два одлични натпревари и сум убден дека Македонија има шанси за победа во тој натпревар“, ни изјави Несторовски.
Несторовски беше стрелец против Италија во натпреварот кој го одигравме дома и во кој запишавме пораз од 3:2.
Фото: ФФМ