Дома Трансфер зона Несторовски се враќа во Серија А – потпишува за седумкратниот шампион

Несторовски се враќа во Серија А – потпишува за седумкратниот шампион

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е на чекор до враќање во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот на Палермо минатата сезона ги воодушеви сите на Апенините и постигна 11 гола за Палермо, а оваа сезона продолжи со одличните игри и во Серија Б.

Преодниот рок започнува за неколку дена, а италијанските медиуми тврдат дека Торино е силно заинтересиран за Македонецот. Имено, Синиша Михајловиќ сака да донесе напаѓач кој ќе може да биде замена за Белоти, но и да игра во тандем со „петелот“.

Претседателот на Палермо, Зампарини е отворен да започне преговори за трансферот, кој според некои информации би требало да изнесува 5 милиони евра плус бонуси.

Торино е седумкратен италијански шампиони и моментално е тим кој се бори за излез во Европа, па сигурно ќе биде чекор напред во кариерата за Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…