Како и во текот на летото сега повторно се појавуваат најави за заминување на Илија Несторовски од редовите на Удинезе. Италијанските медиуми пренесуваат дека интерес за Нестор покажале екипи од Серија Б.
Спортскиот директор на Удинезе, Пјерпаоло Марино сериозно работи на два трансфери во зимскиот преоден рок, еден од нив бил напаѓач, а тоа значи дека за Нестор ќе нема место во тимот. И онака Несторовски добива мала минутажа. Од почетокот на сезоната поранешниот репрезентативец на Македонија одигра шест натпревари со вкупно 138 минути и успеа да забележи една асистенција во победата против Монца.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во случај да остане во Удинезе веројатно Несторовски само ќе го доработи договорот со помала минутажа до крајот на сезоната кога може да си замине како слободен фудбалер бидејќи засега не изгледа дека Удинезе има намера да му ја продолжи соработката.
Кога е репрезентацијата во прашање Несторовски нема настап од дуелот со Лихтенштајн во март, прво поради тешката повреда, а по промената на селекторската позиција и доаѓањето на Благоја Милевски не добива повик.