Дома Македонски спорт Несторовски за „Спортски“ ја избра групата по негова желба и порача: Прво да го победиме Косово пред 35.000 гледачи!

Несторовски за „Спортски“ ја избра групата по негова желба и порача: Прво да го победиме Косово пред 35.000 гледачи!

Вчера беше одржана ждрепката за ЕП 2020 година и од неа нашата селекција дозна во кои две групи може да биде доколку се пласираме.

Работите зависат од Романија. Ако Романија се пласира на ЕП ние одиме во група со двата последните светски шампиони и актуелниот европски (Португалија, Франција и Германија). Од друга страна во случај Романија да не игра на ЕП ние ќе одиме група со Австрија, Украина и Холандија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По, ждрепката нашата редакција денес го контактираше напаѓачот Илија Несторовски кој даде свој коментар за овој ждреб. Нестор прво порача да мислиме на Косово, но кога„ веќе би требало да избира негова желба е да играме во втората група (Австрија, Холандија и Украина).

„Најпрво треба да го победиме Косово дома, а потоа да триумфираме и во финалето на Лигата на Нации потоа ќе размислуваме за групите…Но ако би бирал од двете групи би ја избрал групата каде што се Австрија, Холандија и Украина бидејќи тука мислам дека имаме шанси да се надигруваме со Австрија, да им вратиме за двата порази во квалификациите, како и со Украина. „Групата на смртта“ не треба да се коментира многу, но ако на крај бидеме таму ќе ни биде чест да играме со репрезентации кои биле светски и европски шампини“.

„Сепак како што кажав прво да се победи Косово каде што се надевам на поддршка од 35.000 гледачи кои ќе го исполнат стадионот до последното место и ќе ни помогнат во нашата цел да се пласираме на Европското првенство“, изјави Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …