Дома Видео Неспортски потег на Гризман: Се исчалами и му скрати хет-трик на Торес

Неспортски потег на Гризман: Се исчалами и му скрати хет-трик на Торес

Иако не само што не испадна фраер со потегот со кој само буквално ја префрли топката преку гол линијата, кога ионака таа ќе завршеше во мрежата, Антоан Гризман со тоа направи неспортски потег скратувајќи му на Фернандо Торес со хет-трик да се „одјави“ од Висенте Калдерон.

Топката која ја упати кон голот Фернандо Торес, иако забавена од контактот со противничкиот играч, сепак доби спин движење кое ќе ја одведеше до мрежата без да има шанса некој да го спречи погодокот, Гризман ја префрли преку гол линијата со атрактивен удар со пета. За двојна жал, и на Торес кој со тој погодок ќе запишеше хет-трик, и за Атлетико Мадрид, Французинот беше во офсајд позиција и со тоа голот не беше важечки.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …