Дома Трансфер зона „Нероаѕурите“ во шок: Јувентус го договори големиот талент на Интер

„Нероаѕурите“ во шок: Јувентус го договори големиот талент на Интер

Раководството на Јувентус и агентот Мино Раиола спремаат изненадувачки трансфер ова лето, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Станува збор за младиот напаѓач на Џенова, Андреа Пинамонти, кој е производ на школата на Интер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џенова го донесе Пинамонти на позајмица од Интер, но уште во февриари ја активираше опцијата за откуп на договорот од 18 милиони евра.

Според медиумите двата клуба направиче џентлменски договор во 2021 година Интер да си го врати 21-годишниот напаѓач за сума од 20 милиони евра.

Меѓутоа, сега во целата ситуација се вмеша Јувентус, кој според последните информации веќе го договорил младиот напаѓач.

Имено, Џенова и Јувентус го договориле трансферот на Пинамонти, кој во наредните денови ќе потпише за „старата дама“, но ќе остане уште една година во Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…