Дома Тенис Неприкосновениот Федерер ги собра АТП наградите

Неприкосновениот Федерер ги собра АТП наградите

Роџер Федерер зад себе има неверојатна сезона што ќе ја заврши со настапот на завршниот мастерс во сезоната, каде заедно со Рафаел Надал е најсериозниот кандидат за освојување на трофејот.

Поради тоа, АТП му додели на Швајцарецот три награди. Тој по 15-ти пат во исто толку години е избран за омилен тенисер, 13-ти пат ја доби наградата за ферплеј „Стефан Едберг“ за која гласаат тенисерите, а прв пат во кариерата ја доби наградата за камбек на годината.

По шестмесечната пауза, Федерер годината ја започна на 17-то место на АТП-листата, а откако освои седум турнири, меѓу кои Австралија опен и Вимблдон, тој стигна до второто место на листата. Пред него е само Рафаел Надал, кој 2017 ќе ја заврши на челната позиција.

Покрај Федерер, лауреати на АТП за 2017 година се браќата Брајан (најдобар дубл) и Денис Шаповалов (играч со најголем напредок).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…