Дома Фудбал Останато Неочекуван проблем: Тренерот на Миовски доби суспензија од осум натпревари

Неочекуван проблем: Тренерот на Миовски доби суспензија од осум натпревари

Стратегот на Абердин Џим Гудвин се соочи со неочекуван проблем откако доби суспензија од дури осум натпревари.

Суспензијата тренерот на тимот на македонскиот напаѓач Бојан Миовски ја заработи поради критики кон еден противнички фудбалер за глума и изнуден пенал. Во прашање е Рајан Портеус од Хибернијан, според Гудвин овој играч лесно паѓа и изнудва пенали, така според него било и во натпреварот против Абердин.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Гудвин ги критикуваше судијата и фудбалерот после натпреварот на двата тима, а за тоа доби изненадувачка казна. Дури шест од овие осум натпревари ги доби автоматски, додека два се условни, казна што би се активира ако повтори нешто слично.

„Цело време им кажував на моите фудбалери да внимаваат, да не го допираат при прекините бидејќи паѓа како покосен. Да бидам искрен, се шегував со судиите пред мечот за неговото однесување“, гласеше неговата изјава после тој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…