Дома Тенис Неочекувано: Ѓоковиќ изненади со потегот пред финалето

Неочекувано: Ѓоковиќ изненади со потегот пред финалето

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утре ќе го игра своето седмо финале на Ролан Гарос и ќе се бори за неговата 23-та гренслем титула.

Пред утрешното финале српскиот тенисер ги изненади своите фанови одлучувајќи да не тренира денес.

Ѓоковиќ вчера во четири сета го победи Алкараз кој се повреди на почетокот од третиот и последните два ги загуби со 6:1. Засега од тимот на српскиот тенисер нема информации зошто Новак се одлучил да не тренира.

Најважно за Ѓоковиќ е што нема информации за повреда, па веројатно сакал само да добие повеќе одмор.

Противник на Ѓоковиќ во битката за титулата ќе му биде Норвежанецот Каспер Руд кој вчера беше сигурен и со 3:0 во сетови го елиминираше Александар Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Свитолина ја испрати Сабаленка дома: Шест гема во низа и повторно без ракување

Елина Свитолина ја прекина серијата од шест порази против Арина Сабаленка и обезбеди полуф…