УЕФА направи малку необичен потег во пресрет на квалификациите за ЕП 2024 година.
Врвот на европската фудбалска организација одлучи да ја организира ждрепката за групната фаза од натпреварувањето, без да бидат познати сите учесници на континенталниот турнир.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, ждрепката за групната фаза е закажана за декември 2023 година и ќе се одржи во Хамбург, што УЕФА и официјално го потврди на својата веб-страница.
Изненадувачки е што челниците на УЕФА одлучија да ја одржат ждрепката за групната фаза пред плеј-офот, кој е планиран за март 2024 година.
Како што е веќе познато, на домаќинот Германија преку квалификациите ќе му се придружат 20 репрезентации, односно прво и второ пласираните селекции од 10 квалификациски групи.
Преостанатите три учесници ќе бидат познати по баражот, во кој право на настап имаат победниците од групите од Лигата на нации кои не се пласираа на ЕП преку квалификациите.
За потсетување, ждрепката за квалификациите кои ќе се играат од март до ноември 2023 година изгледа вака:
Група А: Шпанија, Шкотска, Норвешка, Грузија, Кипар
Група Б: Холандија, Франција, Република Ирска, Грција, Гибралтар
Група Ц: Италија, Англија, Украина, Македонија, Малта
Група Д: Хрватска, Велс, Ерменија, Турција, Летонија
Група Е: Полска, Чешка, Албанија, Фарски Острови, Молдавија
Група Ф: Белгија, Австрија, Шведска, Азербејџан, Естонија
Група Г: Унгарија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Литванија
Група Х: Данска, Финска, Словенија, Казахстан, Северна Ирска, Сан Марино