Дома Фудбал Англија Нема тим во ПЛ кој сезонава не „клекнал“ пред Ливерпул: Ван Дајк и Салах го решија Јунајтед! (ВИДЕО)

Нема тим во ПЛ кој сезонава не „клекнал“ пред Ливерпул: Ван Дајк и Салах го решија Јунајтед! (ВИДЕО)

Со головите на Вирџил Ван Дај во 14. Минута и Мохамед Салах во судиското продолжение Ливерпул славеше во дербито против Манчестер Јунајтед со 2:0.

Манчестер Јунајтед пред овој натпревар беше единствениот тим кој Ливерпул не успеа да го победи сезонава, бидејќи во првиот натпревар на „Олд Трафорд“ ремизираа.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Домаќините од самиот старт ставија до знаење кој е „газда на теренот“. Како плод на одличната игра дојде и раниот гол. Во 14. Минута од десната страна корнер изведе Трент Александер Арнолд и нафрли на пет метри, а топката во мрежата ја смести Вирџил Ван Дајк.

Ливерпул во првото полувреме постигна уште два гола, но двата беа поништени првиот поради прекршок над Де Геа вториот поради офсајд.

Во продолжение Ливерпул подзастана, Јунајтед на моменти изгледаше како рамноправен противник, меѓутоа поразот „ѓаволите“ не го избегнаа. Конечните 2:0 ги постави Салах во судиското продолжение.

Ливерпул сега има 16 бодови повеќе од Манчестер Сити, но и натпревар помалку. Од друга страна Јунајтед остана на 34 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Министерот на Италија незадоволен од одлуката за Ачерби: Го разбирам бесот…

Министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди ја критикуваше одлуката на италијанската лига…