Неколку дена пред дуелот на титаните, Реал Мадрид и Барселона, стартните тимови се скоро целосно познати, тврди „Марка“.
Зинедин Зидан нема причина да не започне со својата „омилена“ постава со која пред неколку месеци триумфираше во Кардиф во финалето од Лигата на шампиони.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Карим Бензема и Кристиано Роналдо ќе го предводат нападот на „кралевите“, а малку позади нив ќе дејствува Иско.
Од двете страни на средината на теренот ќе застанат Лука Модриќ и Тони Крос, а нивниот грб ќе го штити Каземиро кој ќе биде задолжен за да ги „сече“ акциите на противникот. Пред Кејлор Навас ќе игра добро познатата четворка: Дани Карвахал, Варан, Серхио Рамос и Марсело.
Од друга страна и Валверде нема многу простор за маневар во тимот. Повредите на Дембеле, Делуфеу и Пако Алкасер го принудуваат да излезе со формација 4-4-2.
Лео Меси и Суарез ќе играат во нападот, а Паулињо ќе биде четвртиот „мускетар“ меѓу добро познатите борци – Ракитиќ, Бускетс и Иниеста.
Единствената дилема за Валверде е десната бековска позиција за која ќе конкурираат Серџи Роберто и Нелсон Семедо. Во срцето на одбраната партнер во Пике ќе биде Вермален во отсуство на Умтити, а на левата бековска позиција ќе биде стандардниот Жорди Алба. На голот Марк Андре тер Штеген е неприкосновен.
Составите за Ел Класико:
Реал Мадрид: Навас – Карвахал, Варан, Рамос, Марсело – Каземиро, Модриќ, Крос – Иско, Роналдо и Бензема.
Барселона: Тер Штеген – Серџи Роберто/Семедо, Пике, Вермален, Алба – Бустектс, Ракитиќ, Иниеста, Паолињо – Меси и Суарез.