Дома Фудбал Англија Нема случајности кај Ливерпул: Клоп себично го чува своето богатство!

Нема случајности кај Ливерпул: Клоп себично го чува своето богатство!

Ливерпул оваа сезона направи значителен исчекор, игра неверојатен фудбал, а стигнаа и до полуфиналето во Лигата на шампионите, како што стојат работите со една нога англискиот состав е во финалето, со оглед на тоа дека славеа во првиот полуфинален меч против Рома на домашен терен со 5:2.

Кога го продадоа Кутињо во јануари, многумина веруваа дека „Црвените“ ќе се распаднат, но триото Салах-Фирмино-Мане дури тогаш заигра со полна пареа, па четата на Јирген Клоп почна да ги решета своите ривали.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маестралниот Египќанец соборува рекорди, а се очекува наскоро да потпише и нов договор со Ливерпул, кој ќе му донесе двојно поголеми примања.

Управата на клубот од „Енфилд“ е одлучна да го задржи триото, па таа подготвија нов договор и за Фимирно, кој исто така блесна оваа сезона, како најистурен во формацијата на Ливерпул, тој успеа да постигне 26 погодоци и да запише 13 асистенции, а притоа има и голем број успешни стартови, во ПЛ бележи 1,8 стартови по настап, што е повеќе од тоа што бројат стоперите и играчите за врска од елитниот ранг оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Толку од фудбалот: Погба ја смени професијата!

Пол Погба неодамна доби четиригодишна суспензија од фудбалот поради допинг, па така сега в…