Дома Трансфер зона Нема преговори помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи за Мегваер

Нема преговори помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи за Мегваер

Пред само неколку дена англиските медиуми преносуваа дека Челзи и Манчестер Јунајтед преговарале за размена Хари Мегваер – Кристијан Пулишиќ. Сега пристигнува демант на веста која привлече големо внимание.

Можноста за заминување на Мегваер израдува голем број навивачи на Јунајтед ширум светот кои веднаш на друштвените мрежи порачуваа дека се за ваква зделка.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Меѓутоа сега новинарот на „Скај Спорт“ и експерт за трансфери, Фабрицио Романо пренесува дека нема ништо од преселбата на Мегваер на „Олд Трафорд“.

„Не постојат преговори помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи за Хари Мегваер. Тој очекува да остане во Јунајтед и да се бори за своето место во стартниот тим, ниту клубот, ниту играчот немаат поинакви планови“, порача Романо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…