Дома Фудбал Италија Нема намера да каже доста: Паласио и на 38 години стави нов потпис!

Нема намера да каже доста: Паласио и на 38 години стави нов потпис!

Aргентинскиот фудбалер Родриго Паласио ќе го продолжи договорот и после оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Паласио во последните три години од кариерата го носеше дресот на Болоња, а така ќе биде и после оваа сезона.

Договорот на Паласио му истекуваше ова лето и без оглед на тоа што има 38 години нема намера да ја заврши кариерата. Паласио денес потпиша договор на една година и ќе ја игра својата 12. сезона во најсилниот ранг на италијанскиот фудбал.

Паласио и понатаму е важен играч на Болоња и оваа сезона постигна шест голови на 26 одиграни натпревари.

Вкупно во Италија Паласио одигра 312 лигашки натпревари и постигна 87 голови. Во оваа земја дојде во 2009 година кога од Бока Јуниорс премина во Џенова. Подоцна пет години играше за Интер во кој ги помина најдобрите денови од кариерата.

Успеа да запише и 27 натпревари за репрезентацијата на Аргентина во чиј дрес постигна три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…