Дома Фудбал Нема ЛШ на „Денот на вљубените“: Ова се термините за осминафиналето!

Нема ЛШ на „Денот на вљубените“: Ова се термините за осминафиналето!

После возбудувањата во групната фаза, денес ги дознавме паровите за осминафиналето каде што ќе гледаме неколку супер интересни средби.

Љубителите на фудбалот сигурно дека со посебно нетпрение ќе ги исчекуваат натпреварите како Манчестер Јунајтед – ПСЖ, Атлетико – Јувентус, Ливерпул – Баерн…

Нешто подоцна се добија и термините за одигрување на овие натпревари, а тие ќе се играат од 12-ти февруари до 12-ти март наредната година.

Манчестер Јунајтед – ПСЖ и Рома – Порто првите натпревари ќе ги играат на 12-ти февруари, а реваншите се на програматан а 6-ти март.

Тотенхем – Борусија Дортмунд и Ајакс – Реал Мадрид ќе се сретнат на 19 февруари, додека реваншите се закажани на 13-ти март. На 20-ти март играат Шалке – Манчестер Сити и Атлетико Јувентус (реваншите 12 март).

За разлика од некои претходни години овој пат нема Лига на шампиони за „Денот на вљубените“. Тој термин ќе го пополни Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната на Скопје на нов тест: Тиквеш ја брка шестата сезонска победа

Скопје по ремито со Силекс гостува во Кавадарци, каде Тиквеш бара нови бодови за задржувањ…