Нема крај на проблемите за францускиот селектор Дидие Дешамп пред почетокот на Светското првенство.
Откако вчера Карим Бензема отпадна, а денеска беше потврдено дека веќе е на лекување во Мадрид, попладнето Едуардо Камавинга почувствува болка во мускулот и го пропушти тренингот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Засега нема информации за потенцијална повреда, но се очекува вечерва да му бидат направени детални лекарски прегледи. После тоа ќе се знае дали играчот на Реал ќе може да продолжи на Мундијалот.
Покрај Бензема, на самиот старт на подготовките се повреди Нкунку, а претходно поради повреда отпаднаа Канте, Погба и голманот Мењан.