Дома Фудбал Германија Нема зима за Баерн: Потпишан договор вреден 250 милиони евра!

Нема зима за Баерн: Потпишан договор вреден 250 милиони евра!

Германскиот шампион и најтрофеен клуб Баерн Минхен е без конкуренцијата во Бундеслигата, а за Баварците нема зима и на финансиски план.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Баерн го продолжи договорот со својот главен спонзор до 2027 година и така ќе добијат нови 250 милиони евра, односно по 50 милиони годишно.

Германскиот „Телеком“ и Баерн имаат дводецениска соработка и се очекуваше дека нема да има проблеми за продолжување на договорот, посебно затоа што Баерн во изминатата деценија нема конкуренција во Германија, а освоија и две европски титули во 2013 и 2020 година.

Оваа сезона Баерн веќе освои еден трофеј, германскиот Суперкуп. Бундеслигата ја започна со две победи во првите два натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Oва е најдобриот стрелец на Африканскиот куп на Нации У17, има 14 години (Фото)

Репрезентацијата на Танзанија во категоријата до 17 години го освои Африканскиот куп на на…