Македонскиот интернационалец кој го носи дресот на Кобург, Марко Нелоски заработи повреда на ногата, по што долг период ќе биде надвор од терените.
Како што е познато, тој ќе мора да замине на операција, што значи дека за него е крај на оваа сезона, со оглед на тоа дека лекарскиот тим предвиде осуммесечна рехабилитација за македонскиот ракометар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Марко ќе мора да замине на операција, а по истата ќе му треба доста долг период за одмор. Се надеваме ќе мине се во најдобар ред, иако ние за жал на Марко нема да можеме да сметаме во следните осум месеци“, стои во официјалното соопштение на клубот.