Дома Фудбал Италија Некогаш го освои Мундијалот, денес се обидува да си најде клуб преку интернет?!

Некогаш го освои Мундијалот, денес се обидува да си најде клуб преку интернет?!

Кристијан Закардо во 2006. година во дресот на „Аѕурите“ на Олимпискиот стадион во Берлин го подигна трофејот, а веројатно не можеше да претпостави дека 11 сезони подоцна ќе мора да бара работа преку Линкедин.

„Можам јас да играм уште две години на највисоко ниво. Го раскинав договорот со Виченца кој требаше да трае до јуни 2018.година. Моментално сум без ангажман. Во добра физичка форма сум, и кој и да ме ангажира ќе направи добра работа. Јас сум сериозен фудбалер професионалец“, напиша 35-годишниот играч за врска на својот профил и тоа на два јазика, италијански и англиски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Закардо изминатата сезона играше во Серија Б за Виченца која во тоа натпреварување остана на 20. позиција и премина во третата лига.

Тој за италијанската репрезентација одигра вкупно 17 натпревари и постигна еден погодок. Во кариерата настапуваше и за Болоња, Специја, Палермо, Волфзбург, Парма, Милан и Карпи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …