Дома Трансфер зона Незадоволство во Наполи: Капитенот го известил клубот дека сака да замине

Незадоволство во Наполи: Капитенот го известил клубот дека сака да замине

Наполи откако ја освои историската трета во Италија, сезонава игра разочарувачка сезона која ќе ја завршат на средината на табелата и нема да обезбедат настап во ниту едно европско натпреварување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради таквата ситуација медиумите во Неапол најавуваат промени. Последните информации говорат дека капитенот на тимот, Џовани Ди Лоренцо го известил новиот спортски директор дека сака да ја промени средината.

Наводно, Ди Лоренцо истакнал дека повеќе не ја чувствува почитта која ја имал претходно во клубот.

Ди Лоренцо летово ќе има настап и со Италија на Европското првенство, па веројатно неговата иднина ќе биде позната по завршувањето со настапот на „Аѕурите“ на континенталниот собир. Договорот кој го има Ди Лоренцо со Наполи истекува во 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…