Според пишувањето на шпанските медиуми тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, закажал итен состанок со дефанзивецот кој истакнал незадоволство поради малата минутажа.
Колумбиецот Јери Мина во Барселона пристигна на почетокот на оваа година, но до сега одигра само два натпревари во дресот на каталонскиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мина во текот на вчерашниот ден изјави дека не е задоволен од третманот во Барса, а Валверде одлучил веднаш да реагира.
Тренерот на Барселона според „Мундо Депортиво“ закажал итен состанок со Мина на кој разговарале за неговата иднина на „Ноу Камп“. Според споменатиот медиум, Валверде му порачал на Мина дека единствено тој ќе одлучи каков ќе биде неговиот статус во тимот.
Освен тоа се наведува и дека Валверде отворено му соопштил на Мина дека не е задоволен од она што го прикажува и дека се уште треба да се докажува. Исто така, тренерот на Барса му порачал дека исклучиво тој после Мундијалот ќе донесе одлука дали ќе остане во тимот или ќе биде испратен на позајмица.