Со оглед на тоа што е во сенка на Ареола, Германецот изгледа дека на крајот од сезоната си заминува.
Алфонсо Ареаола е прв голман на ПСЖ, а Трап оваа сезона забележа само седум настапи во сите натпреварувања, тоа придонесе и во последно време да биде изоставуван од Јоаким Лев за репрезентативните натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Трап е свесен дека покрај Ареаола нема шанси, па изгледа дека одлучил да го напушти Париз.
Според последните информации негова наредната дестинација ќе биде Борусија Дортмунд. Како што пренесуваат медиумите голманот се договорил со „милионерите“ и преостанува уште договорот помеѓу двата клуба.
Да потсетиме, Трап пред пристигувањето во Париз во 2015 година ги бранеше боите на Ајнтрахт Франкфурт и Кајзерслаутен.