Дома Фудбал Италија Недвед: Анализиравме што ни дава Дибала, неговите барања беа преголеми

Недвед: Анализиравме што ни дава Дибала, неговите барања беа преголеми

Паоло Дибала како што е познато од претходно ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната.

Јувентус и Аргентинецот не успеаа да постигнат договор за продолжување на соработката па така Дибала од наредната сезона ќе го гледаме во друг дрес. Понудата на Јувентус за Дибала беше седум милиони евра по сезона со одредени бонуси во зависност од головите и одиграните натпревари. Од друга страна Дибала бараше најмалку 11.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ниту Дибала сакаше да попушти во барањата, а ниту Јувентус не размислуваше да му го даде тоа што го бара. Поранешниот фудбалер на Јувентус и сегашен член на раководството, Павел Недвед истакна дека тоа што го барал Дибала било премногу.

„Добро разгледавме и анализиравме што ни дава Дибала на теренот и надвор од него, каков е неговиот комплетен придонес во нашиот проект. Станува збор за одличен фудбалер, но неговите барања беа превисоки за Јувентус, ние не можевме да ги исполниме. Поради тоа нашите патишта се разделуваат“, изјави Недвед

Сезонава Дибала на 37 одиграни натпревари за Јувентус во сите натпреварувања постигна 15 гола и подели шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Би биле фаворити за освојување: Тимот составен од играчи кои нема да играат на ЕП изгледа одлично!

Ерлинг Холанд и Мартин Одегард го предводат идеалниот тим составен од фудбалери од европск…