Дома Топ вести Неверојатно: Јунајтед ќе му плати на Де Геа 20 милиони за да си замине ова лето

Неверојатно: Јунајтед ќе му плати на Де Геа 20 милиони за да си замине ова лето

Манчестер Јунајтед веќе се соочи со фактот дека Давид де Геа не планира да потпише нов договор, па клубот од „Олд Трафорд“ е спремен да се раздели со голманот ова лето.

Договорот на Де Геа со „црвените ѓаволи“ истекува следното лето, па раководството прави напори да го продаде голманот ова лето, за да може да заработи на неговиот трансфер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Де Геа е во преговори со ПСЖ, кој пак му нуди многу поголемаплата доколку дојде во Париз следното лето како слободен агент. Се претпоставува дека „црвените ѓаволи“ за голманот сега можат да добијат 60 милиони фунти, а Јунајтед е подготвен да му исплати на Шпанецот 20 милиони фунти.

Со тоа клубот ќе го убеди Де Геа да се пресели во Париз ова лето, но и ќе заработи 40 милиони фунти.

Де Геа знае дека може да добие договор од соништата ако во ПСЖ дојде како слободен агент, па Јунајтед е спред „свршен чин“ и поради тоа е спремен да му понуди 20 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…