Дома Останати Тенис Неверојатно: Тенисер наместил 135 натпревари во кариерата!

Неверојатно: Тенисер наместил 135 натпревари во кариерата!

Jунус Рашиди е малку познат тенисер во јавноста, но сега го привлече вниманието на спортската јавност затоа што беше објавено дека наместил неверојатни 135 натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рашиди заработи доживотна суспензија од Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА). Станува збор за убедливо најтешката казна во тенисот, но не може да се каже и дека не е заслужена затоа што бројот на наместени натпревари е преголем.

Најдобриот пласман во на Рашиди во кариерата му беше 473-то место на АТП листата. Освен суспензијата тој ќе мора да плати и парична казна во износ од 34.000 долари.

Во соопштението од ИТИА се наведува дека Рашиди бил вклучен во местење натпревари со двајца алжириски играчи кои неодамна беа исто така суспендирани, но со помали казни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ откри зошто неговите деца уште немаат телефони

Седумкратниот шампион на Вимблдон пристигна во Лондон, седна пред исполнетата конференциск…