Дома Фудбал Останато Неверојатно: Саудијците излажале дека е договорен натпревар помеѓу Ал Наср и Интер Мајами!

Неверојатно: Саудијците излажале дека е договорен натпревар помеѓу Ал Наср и Интер Мајами!

Од некоја причина, Саудијците поточно официјалната страна за туристички настани во Ријад вчера објави дека закажан е пријателски натпревар помеѓу Ал Наср и Интер Мајами на 24. февруари, но сега клубот на Меси излезе со демант.

Во текстот се најавуваше и дека натпреварот ќе го носи името „Последниот танц“, посочувајќи на новиот и веројатно последен дуел на Меси и Роналдо на теренот што би се случил.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, Интер Мајами демантира дека постои договор за таков натпревар.

„Претходно беше објавено дека Интер Мајами ќе игра на Ријад Купот, но тоа не е точно. Објавата има изјава на претседателот Хорхе Мас, а тој никогаш не зборувал на оваа тема. Од првиот ден на постоењето Интер Мајами се промовира себеси во светски бренд. Се уште сме во преговори за распоредот во предсезоната во 2024 година и тој ќе биде објавен во наредните недели“, соопштија од Интер Мајами.

Засега не е познато зошто и како Саудијците заклучиле дека постои договор за учество на Интер Мајами на овој настан во Ријад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…