Клубот од Париз е спремен да го собори светскиот рекорд и тоа за голман.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалскиот клуб ПСЖ ќе се обиде ова лето да го доведе голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.
Како што екслузивно пренесува порталот „Goal.com“, ПСЖ е спремен да плати неверојатни 100 милиони евра за неговиот потпис, колку што изнесува неговата откупна клазула.
Облак во претходните месеци се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и Челзи, но ПСЖ во овој момент изгледа како најсериозен кандидат да го доведе во своите редови.
Атлетико Мадрид успеа да го задржи Антоан Гризман кој неодамна го продолжи договорот, но прашање е дали истото ќе успее да го направи и со Словенецот.
Облак веќе три години брани на високо ниво и е еден од најдобрите голмани во Европа. Секако, доколку ПСЖ ја плати калзулата и го доведе Облак ќе стане најскапо платениот голман во историјата.