Дома Останати Кошарка НБА памети само шест такви учиноци. Дончиќ е единствениот кој двапати го постигна

НБА памети само шест такви учиноци. Дончиќ е единствениот кој двапати го постигна

Лука Дончиќ постигна 45 поени, додаде девет скока и 15 асистенции, а Далас Маверикс ја надополни негативата од 16 поени против Орландо Меџик и победи со 131:129.

Словенечката суперѕвезда на предминатиот натпревар постигна 73 поени, на претходниот натпревар имаше 17 асистенции, а на овој уште еднаш ги помести границите и влезе во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Само пет играчи во историјата на лигата одиграа натпревар во кој имаа најмалку 45 поени и најмалку 15 асистенции.

Прв тоа го направи Гејл Гудрич во 1969 година, потоа Ајсија Томас во 1983 година, а потоа такви натпревари одиграа и Џејмс Харден, Тре Јанг и Дончиќ.

Дончиќ е единствениот кој двапати го постигнал ова, што го издвојува од останатите.

Играчи со 45+ поени и 15+ асистенции во НБА:
Гејл Гудрич (Феникс Санс, 1969), 47 поени, 15 асистенции, 8 скока
Ајсија Томас (Детроит Пистонс, 1983), 47 поени, 17 асистенции, 5 скока
Џејмс Харден (Хјустон Рокетс, 2016), 53 поени, 17 асистенции, 16 скока
Треј Јанг (Атланта Хокс, 2019), 49 поени, 16 асистенции, 8 скока
Лука Дончиќ (Далас Маверикс, 2023), 50 поени, 15 асистенции, 6 скока
Лука Дончиќ (Далас Маверикс, 2024), 45 поени, 15 асистенции, 9 скока

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Антиќ се појави во Белград во дрес на Црвена Звезда

Кошаркарите на Црвена звезда се сретнаа во петокот навечер во белградската арена со Олимпи…